Кој и зошто масовно ПАЛИ КОНТЕЈНЕРИ низ Скопје

5.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кој и зошто масовно ПАЛИ КОНТЕЈНЕРИ низ Скопје

Вандализмот не престанува, изминатата ноќ во главниот град беа опожарени дури одум контејнери од кои два новопоставени со зафатнина од 3,2 кубни метра.

Опожарени осум контејнери во текот на минатата ноќ во Скопје

Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје посочуваат дека со ваков инцидент се соочиле и за време на изминатиот викенд во скопската населба Радишани, каде изгореа три контејнери од 1,1 кубни метри и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.

Опожарените садови се целосно уништени и неупотребливи. Веќе имавме случај на еден опожарен нов контејнер на улицата „Рузвелтова“, а во текот на минатата ноќ изгореа уште два нови и шест од старите садови за одлагање на отпадот. Покрај значителната финансиска штета што е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад. Апелираме да престане вандализмот и уништувањето на контејнерите, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Сите случаи на опожарување на садовите за одлагање на отпадот се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата