МОРБИДЕН БИЛАНС: ПЕТ навивачи на Партизан НАСТРАДАА за четири години

3.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МОРБИДЕН БИЛАНС: ПЕТ навивачи на Партизан НАСТРАДАА за четири години

Еден од водачите на навивачката група на Партизан, Алкатраз, Љубомир Марковиќ Кича, беше убиен во петокот во Белград, откако беше застрелан со шест куршуми од непознати напаѓачи.

Во пресрет на оваа трагедија, се враќаат спомени за смртта на голем број црно-бели навивачи. Покрај Љубомир Марковиќ Кича, загинаа и Горан Кљештан, Ален Костиќ Куби, Александар Станковиќ Сале Мутави и Александар Јоксиќ Јокса.

Љубомир Марковиќ Кича, беше дел од стариот табор на групата Алкатраз, која тогаш ја водеше Милош Радисављeвиќ Кими.

За него јавноста прв пат слушна во 2009 година кога беше еден од осомничените за убиството на францускиот државјанин и навивач на Тулуз Брис Татон.

Марковиќ, со Иван Грковиќ, беше осуден на 30 години затвор, но подоцна казната беше променета на 13 години и два месеци, а беше ослободен од затвор во 2017 година.

Тој се сметаше за еден од најистакнатите претставници на навивачкиот свет и беше добро познат на полицијата со своето бурно минато.

Член на навивачката група Шедоус, Горан Кљештан Бошке, единствениот од списокот кој не беше убиен туку  почина во теретана на улицата Боривој Стевановиќ во Белград.

Тој беше познат по заканите упатени кон новинарката Бранкица Станковиќ. Инцидентот се случил на натпреварот помеѓу Партизан и Шахтјор на 16 декември 2009 година, кога се скандиралоОтровна си како змија, ќе поминеш како Чурвија“.

Набргу потоа, со одлука на Апелациониот суд од октомври 2013 година заради кривично дело загрозување на безбедноста, Кљештан беше осуден на 10 месеци условна казна.

Утврдено е дека починал од срцев удар на 43-годишна возраст.

Ален Костиќ Куби беше лидер на навивачката група Забранети.

Тој беше убиен со пукање од калашников Железник. Убиен беше од сосед, заради причини кои не се поврзани со навивање.

Тој претходно беше ранет во заседа во 2013 година. Костиќ важеше за некој кој „втерува страв во коските“ на противничките фанови.

Александар Станковиќ (30), попознат како Сале Мутави, исто така еден од водач на навивачите на Партизан, беше убиен на 13 октомври 2016 година.

Тој беше ликвидиран додека влегувал во автомобил близу Централниот затвор.

На неговиот погреб присуствуваа претставници на управата на Партизан и педини фудбалери, поради што се крена многу прашина во јавност. По убиството, фудбалерите на Партизан излегоа на теренот против Вождовац во маички со ликот на убиениот Станковиќ, а тоа го сторија и црно-белите кошаркари.

Станковиќ беше еден од најмоќните водачи на јужната трибина на Партизан.

Водачот на навивачката група Јанг Бојс на партизан, 24-годишниот Александар Јоксиќ, беше убиен во Раковица на 29 септември 2015 година.

Непознат напаѓач испукал четири куршуми во неговото тело, а петтиот го погодил во главата.

Исто така меѓу влијателните црно-бели навивачи кои веќе не се живи се: Александар Саша Пантиќ, убиен во договорена тепачка на Делиите и Гробарите во Бијелина 15 септември 2018 година, Демир Јукиќ, смртно ранет на 9 јуни 2017 година, по тепачката на Делии и Гробари, Владимир Живковиќ Влајко, член на Забранети, прободен со нож во Карабурма од навивач на ОФК Белград, Иван Перовиќ, убиен заради меѓусебен спор во Гробарите на 23 октомври 2011 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата