Турската војска започна копнена операција во Сирија

9.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турската војска започна копнена операција во Сирија

Турските трупи и нивните сојузници од редот на сириските бунтовници влегоа денес во североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, со што започна и копнена офанзива против борците од курдската милиција.

Претходно, турски воени авиони и артилерија гаѓаа позиции на курдските борци во прекуграничната воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Сириските набљудувачи во курдските области велат дека најмалку седум цивили се загинале во турските воздушни напади во североисточна Сирија, пренесе агенцијата АП.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека загинале осум лица, меѓу кои и двајца христијански Асирци во градот Камишли, како и една брачна двојка со машко дете во близина на градот Тал Абиад.

Според АП, едно дете е убиено во село западно од Камишли, како и еден маж во Рас ал Аин.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата