Утре велофиеста на „Рекорд“

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утре велофиеста на „Рекорд“

Градот Скопје утре, 19 септември, од 18 часот ќе ја затвори за сообраќај улицата Димитрија Чуповски на „Рекорд“, а од 19 часот ќе почне велофиеста – дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца. Настанот ќе трае до 22 часот, а е дел од активностите на четвртиот ден од Европската недела на мобилност 2019, неделата посветена на алтернативните форми на транспорт.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“.

Во текот на утрешниот ден ќе се организираат следните активности:

СУПЕРХЕРОИ ВЕ ЗАБАВУВААТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ
Автобусите на ЈСП Скопје
07:30 – 08:30 часот
Дружење со костимирани херои од филмовите, стриповите и бајките, кои ги едуцираат и забавуваат патниците.

ЕКОЛОШКИ ЧАС
ОУ „Браќа Миладиновци“, Општина Аеродром и ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, Општина Кисела Вода
08:30 -11:30 часот
Инфо-ден за запознавање на учениците со целта на Европската недела на мобилност, придобивките од користењето одржлив транспорт, а пред се од возењето велосипед и од пешачењето.

НА ГРАДОВИТЕ ИМ ТРЕБА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ
Простории на ЗЕЛС – Заедница на единиците на локална самоуправа
13:00 – 15:00 часот
Работилница со учество на претставници од пет најголеми градови во државата пред кои Град Скопје ќе го презентира својот План за одржлив транспорт, неговата реализација и придобивките.

УЧЕСТВО ВО СООБРАЌАЈОТ СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ – КОЈ, КАКО, КОГА, ДАЛИ…?
Хотел „Континентал“
10:30 – 14:00 часот
Републичкиот совет организира настан на кој претставници од релевантни институции ќе дискутираат за начинот на вклучување на електричните тротинети во сообраќајот во градот:
Обраќања на претседателот на РСБП, градоначалникот на Град Скопје и Министерот за внатрешни работи.
Теми: Учество во сообраќајот со електричен тротинет – алтернатива или закана; Придобивки и предизвици од користењето електричен тротинет како превозно средство; Одредби од законот за возила и нивната поврзаност со електричниот тротинет и Светски искуства, позитивна пракса и законски решенија за учество во сообраќајот со електричен тротинет. Заклучоци.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата