Петре го ПРОДАДЕ КУЧАТА

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петре го ПРОДАДЕ КУЧАТА

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска ги коментираше обвинувањата од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје дека наводно има во план да ја отуѓи новата градска куќа каде треба да се преселат канцелариите и администрацијата на Град Скопје. Шилегов ги негираше овие наводи.

-Јас лично не гледам и не препознавам во изминативе две години дека опозицијата креира било каква политика за градот, таквите работи за луѓе кои немаат политика не треба сериозно да ги сфаќате – рече Шилегов.

ВМРО-ДПМНЕ утринава обвини дека градската куќа, која е во завршна фаза, ќе биде отуѓена и дека истата треба да припадне на извесна приватна компанија. Наводно за возрат Градот Скопје требало да добие постара зграда.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата