PlayGalaxy Link PC-to-mobile апликацијата на Samsung за стриминг на игри е подготвена за објава, под услов корисникот да има соодветен хардвер. Компанијата ја објави PlayGalaxy Link во САД и Јужна Кореја за сопствениците на Galaxy Note10 и Galaxy Note10+, кои сакаат да играат игри со PC квалитет на своите телефони.

На корисниците ќе им биде потребен солиден PC, со Core i5 процесор, 8GB RAM, способна графичка картичка (GTX 1060 или Radeon RX 550) и гигабит конекција за рутерот. Доколку се задоволат сите услови, можно е да се игра речиси секоја видеоигра.

Наскоро се очекува поддршка и за повеќе мобилни уреди (вклучувајчќи и таблет уреди), како и за повеќе држави. Ќе биде можно користење на on-screen контроли, но подобро искуство сигурно се постигнува со употреба на контролер (вклучувајќи го и Samsung Glap) или маус и тастатура.

извор: USB.mk

0

Најчитани вести