(Видео) Манекенка од 127 килограми се прошета по модната писта, држејќи се за градите

11.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Манекенка од 127 килограми се прошета по модната писта, држејќи се за градите

Американската плус-сајз манекенка Тес Холидеј (34) минатата недела се прошета по пистата на Њујоршката модна недела, држејќи се за градите. Таа ги покажа своите килограми во тесен бел фустан и ја испровоцира публиката, при што многумина беа одушевени од нејзината самодоверба.

Со белиот фустан комбинирала влечки во иста боја, а од шминка ставила црвен кармин и син туш за очи, што не можело да помине незабележано.

Плус-сајз манекенката повеќе пати ја има критикувано новинарот Пирс Морган (54), кој смета дека таа не е плус-сајз манекенка, туку дебела жена која не треба да се промовира во медиумите.

Во една пригода, Тес се појави на насловната страница на магазинот „Космополитен“, кога публиката беше поделена на оние кои сметаа дека е крајно време да се појави некој „поголем“ на насловната страница, додека другите сметаа дека со тоа се промовира дебелината како нешто здраво и нормално.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата