Си-ен-сн со детали за оставката на Џон Болтон

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Си-ен-сн со детали за оставката на Џон Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп и досегашниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, минатата ноќ имале жестока караница. Тие се расправале околу планот на Трамп да ги прими лидерите на талибанците во Кемп Дејвид, пренесе Си-Ен-Ен, повикувајќи се на два неименувани извори запознаени со настаните.

Американската телевизија наведува дека не е јасно дали расправата се водела преку телефон или во живо. Си-ен-ен пренесува и наводи и на неименувани извори од опкружувањето на Трамп, дека Болтон со месеци иритирал луѓе не само поради различни политички ставови, туку и поради начинот на однесување.

Изворот прецизирал дека Болтон ги иритирал функционерите во Белата куќа со неговите тактики, стилот и храбрите настапи. На пример, како што рекол изворот, Болтон патувал со многу членови од персоналот, понекогаш не со истиот авион како претседателот и се однесувал речиси како да е државен секретар.

Си-ен-ен додава дека Болтон не бил во судир само со Мајк Помпео, туку дека не го поднесувал ниту шефот на персоналот на Белата куќа, Мик Малвени.

Голем дел од функционерите, како што наведува телевизијата, за оставката на Болтон дознале од твитот на Трамп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата