Скопјани внимавајте каде паркирате - ПАЈАКОТ ДЕМНЕ! За една недела срушен рекорд во кревање возила

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјани внимавајте каде паркирате - ПАЈАКОТ ДЕМНЕ! За една недела срушен рекорд во кревање возила

Со специјалните возила „пајак“ од втори до осми септември годинава вкупно се подигнати 221 возило од јавните површини во Скопје.

Како што соопшти Град Скопје, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 176 возила се по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 343 возила поради нерегулирано паркирање, поточно, за неплатена паркинг услуга. Од нив, вкупно 45 се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање на време да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, соопшти Град Скопје. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата