За една недела „пајакот“ подигнал 221 возило

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За една недела „пајакот“ подигнал 221 возило

Во текот на изминатата недела (2.09 – 8. 9.2019 година) со специјалните возила „пајак“ се подигнати 221 возило од јавните површини.

Како што соопшти Град Скопје, од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 176 возила се по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 343 возила поради нерегулирано паркирање, поточно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, вкупно 45 се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС-порака или со греб-картичка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата