Во силни турбуленции во авион повредени 14 луѓе

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во силни турбуленции во авион повредени 14 луѓе

Поради силни турбуленции за време на лет на шпанската авиокомпанија „Евелоп“, повредени се најмалку 14 луѓе. Сите добиле медицинска помош во Мадрид.

„Авионот А330-343 Ербас безбедно слета на мадридскиот аеродром ‘Барахас’ по силните турбуленции кои траеја 15 секунди, поради што авионот ‘пропадна’ неколку стотици метри над Етиопија“, се наведува во соопштението на компанијата.

Меѓу повредените се и тројца членови на екипажот, кои се здобиле со полесни повреди.

Како што соопштија од компанијата, 11 повредени патници го игнорирале предупредувањето за врзување со сигурносниот појас пред авионот да влета во зоната на турбуленција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата