Револтирани патници секојдневно се соочуваат со расипани автобуси, од ЈСП велат дека дефектите биле нормални

9.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Револтирани патници секојдневно се соочуваат со расипани автобуси, од ЈСП велат дека дефектите биле нормални

„Линијата 71 со крајна дестинација на Скопска Црна Гора и Бањани е целосно нефункционална, автобусите на оваа релација секојдневно се расипуваат, а страдаат патниците“, вака го започна разговорот на сведокот кој се обрати до редакцијата на КУРИР.

Сведокот додава дека автобусите постојано се расипуваат, а тоа некогаш се случува и двапати во денот, додека од ЈСП Скопје спуштаат слушалки или воопшто не креваат на телефон.

-Секаде се жалиме никаде не реагираат, за да стигнам на работа денеска морав да стопирам други автомобили, бидејќи се расипаа дури два автобуси кои се обраќаа на истата линија. Дефектите се толку чести што на работа ни одбиваат од дневниците, вели сведокот.

Потенцира дека ЈСП дефинитивно е монопол, а парите што ги даваат за слободна во висина од 1600 денари се бадијала бидејќи нема услови во автобусите кои ги користат.

-Да земам ли ден од одмор бидејќи не можам да стигнам на работа пешки, а имам платено и слободна дозвола за тоа? Контролата ја има секаде во автобусите, а исправни автобуси нема. Два часа се случува да чекаме сите патници на автобуска станица во попладневните часови кога сите си заминуваат од работа бидејќи старите автобуси на ЈСП се расипуваат на секој час, вели сведокот.

Од ЈСП Скопје за КРУИР велат дека секако се исправни автобусите кои се пуштаат за превезување на патници.

-Нормално да е се случат неочекувани дефекти и покрај секојдневните, тековни проверки на возилата пред да се пуштат во сообраќај. Впрочем, неочекувани дефекти се случуваат и на приватни возила. Не би сакале да коментираме за квалификациите дека „се повеќе граѓани се жалат за дефектите на автобусите“, со оглед на тоа оти сметаме дека истите се паушални и неосновани, стои во нивниот одоговор.

Во врска со прашањето за денешниот случај и дефекти на автобусите со бројот 71 од ЈСП велат дека нема пријава за случен дефект на оваа линија.

-Во текот на денешниот ден, петок (9.08.2019 година) нема пријава за случен дефект на возило на линија 71 (Транспортен центар-Бањани). Не стасала никаква пријава од ниту еден возач ниту во автобазата, ниту во Оперативниот контролен центар. Според евиденцијата на соодветната служба, во изминативе две недели на линија 71 пријавен/регистриран е еден случај на дефект на возило (украински ЛАЗ) во движење и тоа вчера, четврток (8.08.2019 година) во утринските часови. По пријава на возачот, сервисната служба излегла на терен, дефектот бил отстранет и возилото за триесетина минути продолжило да сообраќа без пречки, додаваат од ЈСП за КУРИР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата