Во Скопје се бара шпион за 400 евра месечно (ФОТО)

7.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Скопје се бара шпион за 400 евра месечно (ФОТО)

Во скопската населба Ченто поточно на влезот во селото Сингелиќ познато како Асанбегово објавен е оглас за работно место кодош.

Огласот е залепен на бандери

“Бараме шпион. На возраст од 30 до 60 години. 400 евра месечно”, пишува на листовите залепени по околните бандери.

Дали се работи за шега на нечија сметка или пак за сериозна порака може да кажат само тие што го залепиле огласот или МВР ако го истражува случајот.

Во овој дел од Скопје во последниве неколку години имаше неколку сериозни инциденти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата