Целосно е реновиран третиот кат во хируршката болница „Св. Наум Охридски“

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Целосно е реновиран третиот кат во хируршката болница „Св. Наум Охридски“

Заврши првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница), информира Министерството за здравство.

Од таму велат дека третиот кат, каде се сместени одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија, е целосно реновиран.

Во моментов се реновираат првиот и вториот кат. На првиот кат сместено е одделението за урологија, додека пак на вториот кат сместен е одделот за дигестивна хирургија. Поставен е и нов лифт, за да се одвива непречено работата во болницата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата