Сопственикот на Формула 1 има проблеми со очите

19.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопственикот на Формула 1 има проблеми со очите

Берни Еклстоун (88), сопственик на Формула 1 и еден од најбогатите луѓе во Велика Британија, се шеташе на улиците на Лондон со својата сопруга Фабијана Флоси (43) кога го снимија папараците. Двојката се држеше за раце и излегуваше од продавница за облека.

Овој пат вниманието на минувачите го привлече десното око на Берни, кое не може нормално да го отвори, па се посомневаа дека неговото здравјето е сериозно нарушено. Еклстоун е роден речиси слеп на тоа око поради што носи очила целиот свој живот, а минатата година во Лондон имаше операција за отстранување диоптрија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата