Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

20.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

 „Својот избор го направија претставници на најнеочекувани професии. На пример, марискиот Дедо Мраз, Јушто Кугиза – име што на мариски јазик се преведува како ‚Ладен Дедо“.

Тој не ја чекаше зимата и дојде лично да гласа“, изјавија од Изборната комисија на Република Мари, како што пренесе агенцијата РИА Новости.

Резиденцијата на марискиот Дедо Мраз се наоѓа во селото Кукнур во областа Сернур – најсеверната точка на републиката – каде што тој живее со својата внука, Лумудир.

„Јас, Јушто Кугиза, марискиот Дедо Мраз, денес лично дојдов на избирачкото место. Гласањето од далечина е добра работа, но личното присуство е нашиот начин – марискиот начин.

Ве повикувам да ни се придружите, било лично или од далечина. Најважно е да го направите својот избор“, рече тој вчера во обраќањето до жителите на републиката. Заклучно со 1 јули 2026 година, бројот на гласачи во оваа руска република изнесува 520.714, а низ регионот се отворени 495 избирачки места.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата