ГРЕОТА ЖИВОТИНЧЕ: Уште еден коњ колабираше и умре на улица!

15.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ГРЕОТА ЖИВОТИНЧЕ: Уште еден коњ колабираше и умре на улица!

Фотографии со паднат коњ на улица, според очевидци, најверојатно веќе мртов, денеска се објавени на социјалните мрежи.

Немилиот настан се случил во Скопје Север кај Кам маркет.

Сопствениците на ова кутро животно со раце в џеб го посматраат како умира

Ова е трет смртен случај на коњ во Скопје само за еден месец. Пред една недела беше оставен прегладнет и дехидриран на кеј кај Железничка станица.

Случајни минувачи тогаш се обиделе да му помогнат со вода, но коњот испуштил душа.

Ромски семејства го користат како превозно средство. Коњите се принудени да влечат огромни товари на висока температура, притоа очигледно не водејќи сметка за нивното здравје.

Оваа појава е присутна во Македонија долго време, но освен реакциите на јавноста и здруженијата за заштита на животни, никој од надлежните институции во државата не води сметка за нехуманиот третман кон животните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата