Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со скопската сообраќајна полиција минатата недела санкционирале 252 непрописно паркирани возила кои го попречувале одвивањето на сообраќајот.

Како што информираат од ова јавно претпријатие, во периодот од 08 до 15 јули, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети биле 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на блокатор санкционирани биле 122 возила кои биле затекнати во резидентни зони.

Од Општина Центар нагласуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред, како што велат, сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на територија на општината.

 

извор: Makfax

0

Најчитани вести