Во рамки на фестивалот „Самерленд” во Градски парк, викендов ќе се одржат неколку интересни настани и музички перформанси.

Преку ден е предвидена детска програма. Од 17 часот влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18 часот посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо-парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22 часот на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

В недела на Школка од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „Зоо-азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена, настапува рокенрол-бендот „Културно-уметнички работници“.

извор: Makfax

0

Најчитани вести