(Видео) Георгиевски: По 17 години жителите на Трубарево добиja функционална фекална канализација

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Георгиевски: По 17 години жителите на Трубарево добиja функционална фекална канализација

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски порача дека конечно е ставен крај на најголемиот проблем, со кој граѓаните на Трубарево се соочувале цели 17 години, а тоа, како што рече е немањето на функционална фекална канализација.

„Имам добра вест за жителите на Трубарево. Ветив дека ова населено место ќе добие функционална фекална канализација и пречистителна станица и тоа го исполнив. Иако проектот беше ветен уште во 2002 година но не исполнет, а жителите беа оставени на милост и немилост. Изградената фекална канализација не беше функционална, ниту некој се грижеше за неа.

Конечно, ставивме крај на најголемиот проблем со кој се соочуваа граѓаните цели 17 години. Септичките јами ќе бидат минато, а со тоа ќе добијат достојни услови за живот.

Системот е со вкупна должина од 7 километри од кои примарни и секундарни линии се изведени во должина од 5 километри.

Георгиевски додава дека се соочиле со проблем во потисниот цевковод, стар 17 години, а кој бил комплетно оштетен и нефункционален. Нагласи дека дефектот на потисната цевка е отстранет и вратен во функција.

„Дополнително поставивме 4 нови шахти на улица 2 кои придонесуваат за ефикасност на функционалноста на системот.
Наш приоритет беше да го ставиме во функција комплетниот систем и сите примарни и секундарни краци и да се поврзе на едно место. Со тоа, се изврши поврзување со последната препумпна станица која ги исфрла фекалните води под колосеците на железничката пруга и реката Вардар. Опремувањето на последната препумпна станица е завршена сега до крајот на мај, која се наоѓа на улицата број 2.

Со завршувањето на последната препумпна станица и сите краци што водат кон неа, како што објасни Георгиевски, се овозможува голем број на корисници да почнат да ја користат фекалната мрежа, а домаќинствата кои не се дел од мрежата, ќе бидат приклучени.

Истакна дека сите улици кои беа ископани за да се постави мрежата, се повторно асфалтирани и вратени во целосна функција освен уште две до три улици на кои се работеше во изминатите месеци, а кои ќе бидат асфалтирани.

Комплетниот проект за изградба на фекалниот колектор е реализиран со околу 35 милиони денари, средства на општината.

Дополнително се предвидени и нови 6 милиони денари за во наредниот период да се приклучат уште две маала во ова населено место кои не се приклучени на колекторскиот систем и тоа бесплатно од страна на општината до нивниот двор.
Инвестираме во капитални инфраструктурни проекти за здрава животна средина и подобар живот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата