Фрчат казни: МВР казнува без милост!

12.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фрчат казни: МВР казнува без милост!

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 20 возачи од кои: тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници затоа што не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и четири  возила, од кои три не биле регистрирании едно поради претовар. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минувње на пешаците на обележан пешачки премин, три возачи поради неправилно престигнување,  еден возач на мотоцикл поради некористење заштитен шлем - кцига, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 41 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози и 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а две лица се здобиле со телесни повреди.     

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата