Новата веб платформа: Сите услуги на ПОЦ се достапни ОНЛАЈН

10.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новата веб платформа: Сите услуги на ПОЦ се достапни ОНЛАЈН

Сите услуги со еден клик, ЈП "Паркинзи на општина Центар“ ја пушти новата веб платформа на која сите услуги стануваат достапни по електронски пат.

-Отсега граѓаните нема повеќе да мораат да доаѓаат во просториите на претпријатието бидејќи сите услуги ќе им бидат достапни со еден клик, од кој било уред, на кое било место и во секое време. Дополнително, на новата веб платформа преку чат, граѓаните ќе можат да бидат во постојана комуникација со наш вработен, рече директорот Васко Кичевски.

На веб платфотмата ќе може да се купи дневна паркинг карта, месечен билет и други типови на билети, да се врши проверка на М-картата со целосен увид на билансот.

-Со дигитализаџијата на услугите на ЈП „Паркинзи на општина Центар“ сакаме да покажеме дрка сме подготвени да одговориме на предизвиците на новото време, да го следиме трендот на дигиталната ера и на граѓаните да им понудиме платформа за брз и едноставен пристап до сите услуги, рече градоначалникот Саша Богдановиќ.

Во следниот период на социјалните мрежи ќе се води кампања за на граѓаните да им се покажат придобивките од користењето на веб страницата

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата