„Додека е оваа власт, јасна е одлуката на Врховен за 27 април“

4.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Додека е оваа власт, јасна е одлуката на Врховен за 27 април“

Откако Врховен суд ги одби жалбите, адвокатите на осудените за настаните од 27 април велат дека за политички монтиран предмет не може ништо друго да се очекува освен повторување на вообичаената судска пракса за одбивање на сите жалби и барања.

Одбраната за случајот собраниските настани за „27 ми април“ разочарана од ваквото постапување, иако имаа надеж две години чекајќи ја одлуката на Врховниот суд.  Сега дополнително велат ќе чекаат најмалку три месеци да напише, како што велат, ни малку издражни факти за ваквата одлука.

„Од еден крем во судството се претвори во чорба, една обична. И после чекање од две години за да одлучи, така како што одлучи. Сега по старата добра пракса, ќе се чека уште најмалку два до три месеци на писмено да ја достави таа одлука. И немојте да очекувате многу правни образложенија во однос на таа одлука, него ќе имате едно генерално објаснување дека се што направиле Кривичниот и Апелација е засновано на закон, а се што е напишано во барањето за вонредно преиспетување е неосновано. Немојте да очекувате некое задлобочено образложение во овие предмети“ дециден е Сашко Дуковски – адвокат, за Алфа.

Дел од адвокатите ја очекувале ваквата одлука на Врховен со оглед на тоа дека владејачкото мнозинство во Законодавниот дом не ја поддржаа иницијативата за закон за амнестија на осудените од настаните на 27-ми април.

„Оваа одлука ми беше очекувана уште кога ја дадовме предлог-иницијативата за донесевање на законот за амнестија која што не беше прифатена од Собранието, за жал. Баш поради тоа таа иницијатива беше поднесена. Уште при таквото постапување од Апелациониот суд, уште тогаш беше јасно, особено додека оваа владејачка гарнитура е на власт јасно беше и дека Врховниот суд донесе одлука каква што донесена“ коментира за Алфа, Драган Пешевски – адвокат.

По сите исцрпени домашни правни лекови, апликациите до Судот за човекови права до Стразбур сигурно ќе следуваат бидејќи ниту највисоката судска инстанца не прифатила судењето да почне од почеток со квалификација на дела кои навистина биле сторени, а не тероризам.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата