Ноел Хана, кој го освоил Монт Еверест 10 пати, се искачил на врвот на планината Анапурна (8091 m) во Непал во понеделникот и починал во текот на ноќта во кампот IV откако се спуштил од врвот.
Јубарај Кативада од Министерството за туризам изјави дека се уште не се познати околностите за оваа несреќа. Надлежните велат дека во таа област исчезнал и планинар од Индија кој во понеделникот паднал низ процеп, а уште двајца индиски планинари биле спасени кога ги зафатило невреме додека се искачувале на Анапурна.
Осум од 14-те највисоки планини во светот се наоѓаат во Непал. Искачувањето на врвот Анапурна, кој првпат го искачи Морис Херцог од Франција на почетокот на 1950-тите, се смета за многу ризично поради честите лавини. Досега на тој врв се искачиле најмалку 365 луѓе, а 72 го загубиле животот при искачувањето, пишува CNN.