Како што јавија шпанските медиуми, најобилни врнежи се регистрирани во Галиција, а во некои делови од регионот се очекува во текот на денот количината на врнежи да достигне и до 40 литри на метар квадратен.
Шпанските метеоролози предупредија дека невремето ќе продолжи и в недела, и покрај тоа што утре се очекува затишје, и оти ќе ја погоди и западна Андалузија.