ДЕТАЛИ: Убиениот во Капиштец е од АРАЧИНОВО

31.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕТАЛИ: Убиениот во Капиштец е од АРАЧИНОВО

Утрово жителите на скопски Капиштец беа вознемирени од пукање во кое е убиено и едно лице.

Според МВР жртвата е жител на Арачиново.

Н.А. (46) од с.Арачиново е застрелан утрово во казино лоцирано на булевар „М.Т.Гологанов“ од страна на лице со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите.

Како што соопшти МВР, инцидентот е пријавен во 08.05 часот во СВР Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПУКАЊЕ во Капиштец: ИМА ЖРТВА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата