Фактор: ГРАБЕЖ КАЈ ПОРТА АЕРОДРОМ, напаѓачите со хируршки маски

31.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фактор: ГРАБЕЖ КАЈ ПОРТА АЕРОДРОМ, напаѓачите со хируршки маски

Грабеж  се случува во Аеродром  на локацијата Порта Аеродром, карши Скопјанка, објави  Фактор.

На терен се 4 до 5 полициски возила, и тоа полициски сили на Интервентната полиција, со огромен број полицајци, сериозно вооружени и со панцири.

Според информациите на Фактор наводно се работи за голем грабеж во некој од објектите на таа локација, а некои од претпоставките кои не се потврдени, одеа во насока дека можеби се работи за обложувалница.

Сознанија од терен говорат дека во објектот грабеж извршиле неколку напаѓачи кои биле вооружени, а биле маскирани и таму влегле со хируршки маски.

Фото Фактор

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата