Ла Лига оди чекор напред – поставува монитори на клупите за три намени!

31.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ла Лига оди чекор напред – поставува монитори на клупите за три намени!

Ла Лига најави воведување на нов видео систем за секој тим што ќе се натпреварува во неа. По уредот на гол-линијата, ВАР и полуавтоматскиот систем за препознавање офсајд на ФИФА, во тренерскиот дел на клупата ќе бидат поставени монитори за три намени.

Тимовите ќе можат да ги прегледаат инцидентите, како на пример во случај на повреди на играчи, кога ќе можат веднаш да го дијагностицираат проблемот и да видат како и каде се случил. Дополнително, ќе може да се користи за тактичка анализа во текот на самиот натпревар и за прегледување на судиските одлуки.

Новиот систем се очекува да го користат видео аналитичарите на клупата, кои собраните информации ќе ги стават на располагање на главниот тренер за да му помогнат да донесува одлуки.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата