Гвинет Палтроу не е виновна за несреќата при скијање

31.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвинет Палтроу не е виновна за несреќата при скијање

Тери Сандерсон, пензиониран лекар, велеше оти преживеал потрес на мозокот и четири скршени ребра во настанот во 2016 година. Тој тврдеше дека повредите завршиле со трауматска повреда на мозокот и бараше најмалку 300.000 долари отштета од актерката во граѓанското судење.

Тој, исто така, велеше дека жената, за која, според наводите – подоцна дознал дека е Палтроу, скијала вон контрола и налетала на него од зад грб. Пријател на Сандерсон сведочеше дека видел како Палтроу удира во повредениот човек.

Палтроу, пак, изјави дека таа не ја предизвикала несреќата и оти, всушност, Сандерсон ја удрил неа одзади.

Поротата сепак пресуди дека Сандерсон е виновен нејзе ѝ додели еден долар симболична отштета што таа го бараше во противтужбата./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата