Поради тетоважите го плукаат и му велат да умре! (фото)

31.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради тетоважите го плукаат и му велат да умре! (фото)

Досега овој Данец потрошил 5.000 долари за да си го промени личниот опис и нема намера да престане. Тој признава дека неговите трансформации не ги одобруваат сите и честопати добива непријатни реакции од непознати лица.

-Ме плукаа додека седев во автобус и си ја гледав работата. На улица луѓето ми се развикуваат, а родителите им ги покриваат очите на децата кога поминувам покрај нив – изјавил овој граѓанин на Копенхаген за Џем прес.

Дури и на социјалните мрежи не е поштеден, и тоа оди до таму што му посакуваат сè најлошо.

Рамус(25) изјавил дека својата трансформација ја започнал на 14 г., најпрвин го дупнал носот, а потоа го расекол својот јазик, вградил рогови и ја дупнал и расекол ‘рскавицата на ушите.

Ова момче вели дека неговото семејство најпрвин негодувало во врска со неговиот екстремен изглед, а потоа престанале да зборуваат за тоа.

Ремус, кој е хомосексуалец, изјавил дека сака да пронајде партнер. Се пожалил дека повеќето негови врски биле или онлајн или надвор од неговиот град. Засега е фокусиран на своите физички трансформации, иако трвди дека инванзивните процедури во Данска се нелегални, па некои од нив ги правел бесплатно кај некои пријатели.

Иако е речиси целосно истетовиран, Ремус во моментов е задоволен од својот изглед, но планира во иднина да ги истетовира очните јаболка и да додаде уште некој „пирсинг“ на телото.

.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата