Го победи Лихтенштајн со 7:0, па денеска му врачија отказ

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го победи Лихтенштајн со 7:0, па денеска му врачија отказ

Исландскиот фудбалски сојуз денеска му врачи отказ на селекторот Арнар Видарсон, откако Исланд на последниот меч славеше над Лихтенштајн со импресивни 7-0.

Денеска Исландскиот фудбалски сојуз објави дека ја прекинува соработката со Арнар Видарсон, кој го презеде кормилото од Ерик Хамрен во 2020 година. Исланд ги отвори квалификациите за Европското првенство со пораз од 0-3 во Босна, з апотоа да слави со 7-0 над Лихтенштајн.

„Секако дека ова е тешка одлука, но ја гледаме како неопходна и коректна имајќи го предвид националниот тим. Арнар има направено многу добри работи овде и заслужува пофалба за неговата работа. Сега ќе одиме директно да ја најдеме неговата замена пред јунските квалификациски дуели“, изјавила претседателката на Исландската федерација, Ванда Сигургеирсдотир.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата