Американска актерка раскажа како спасувала деца од масакрот во училиштето во Нешвил (ВИДЕО)

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американска актерка раскажа како спасувала деца од масакрот во училиштето во Нешвил (ВИДЕО)

Во ова училиште три деца и тројца вработени беа убиени во нападот во понеделникот.

Таа откри дека нејзиното семејство живее недалеку од училиштето во Нешвил каде напаѓачот влегол со оружје и тргнал да убива и дека целата ситуација ги изненадила додека таа и нејзиниот сопруг оделе на состанок во друго училиште, каде одат нивните деца.

„Им помагавме на децата кои одат во градинка во тоа училиште да преминат преку прометниот автопат, по кој доаѓаа од блиската шума каде што се криеја од жената напаѓач и пукањето во нивното училиште“, рече Харт, кој беше речиси расплакана.

„Ние му помогнавме на тоа мало момче да го помине патот, а исто така и нивните учители, а потоа ги споивме со нивните родители. Не знам што друго да кажам“, рече потресена Харт, нагласувајќи дека нејзините деца не биле во близина на училиштето каде што се пукало..

Да потсетиме, три деца и тројца возрасни загинаа во пукање во приватното христијанско основно училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на девет годишна возраст.

„Осомничената за пукањето во Нешвил, Одри Хејл, легално купила седум парчиња огнено оружје во пет различни продавници пред трагедијата“, рече началникот на полицијата во Нешвил, Џон Дрејк на прес-конференцијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата