Поради сомнителен трансфер на фудбалер на Олимпија, Келн доби забрана за трансфери!

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради сомнителен трансфер на фудбалер на Олимпија, Келн доби забрана за трансфери!

Спортскиот директор на германски Келн, Кристијан Келер, е бесен што клубот добил забрана за трансфери, а пресудата на ФИФА ја нарече фарса.

Во јануари 2022 година, Келн потпиша со младиот словенечки напаѓач Јака Потчник. Сега 17-годишниот играч на Келн го раскина договорот со љубљанска Олимпија и затоа германскиот клуб не платил ни евро за играчот.

Тоа го натера словенечкиот клуб да оди со жалба во ФИФА бидејќи Олимпија верува дека Келн барал од играчот по секоја цена да го раскине договорот со Олимпија, за да го доние бесплатно. ФИФА сега изрече голема казна за германскиот клуб кој ќе мора да плати 51.750 евра на Олимпија Љубљана, а потоа во двата претстојни преодни рока нема да може да регистрира нови играчи.

Покрај тоа, Потчник доби забрана за настап во следните четири месеци. Келн одговори на веста пишувајќи дека не се согласуваат и дека ќе го обжалат случајот до спортскиот арбитражен суд.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата