НАД 12% ПОСКАПЕЛА СТРУЈАТА за само вторите 6 месеци од 2022 година

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАД 12% ПОСКАПЕЛА СТРУЈАТА за само вторите 6 месеци од 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во вторите шест месеци од 2022 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во Македонија изнесувала 6,486 денари по киловат час што претставува пораст од 12,6 отсто во споредба со првото полугодие од годината.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност (ДДВ) за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движела од 8,921 до 19,802 денари по киловат час по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без ДДВ за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, била од 83,766 до 90,712 денари по метар кубен по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесувала 95,989 денари за метар кубен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата