Мицкоски на средба со директорот на ИРИ: Соработката ЌЕ СЕ РАЗВИВА И ВО ИДНИНА

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски на средба со директорот на ИРИ: Соработката ЌЕ СЕ РАЗВИВА И ВО ИДНИНА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со членот на ИК и портпарол Марија Митева, секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски и шефот на кабинет Владимир Нелоски оствари средба со директор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) за Македонија Крис Бренан, соопштија од партијата.

Мицкоски истакна огромна благодарност за одличната соработка и поддршката која ИРИ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека ИРИ е наш партнер кој долг временски период придонесува за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ преку најразлични програми особено во делот на младинското учество, јакнење и унапредување на активната транспарентноста на партијата и поддршката на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците се согласија дека постои традиционално добра соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ, и се потврди заложбата од двете страни дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина за поинтензивна соработка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата