ДЕЛОТО НА МИЈАЛКОВ ПРЕД ЗАСТАРУВАЊЕ – Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДЕЛОТО НА МИЈАЛКОВ ПРЕД ЗАСТАРУВАЊЕ – Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“

Откако Апелацискиот суд денес одлучи да ја одложи јавната седница за случајот „Титаник 2“ на која требаше да се разгледаат жалбите поднесени за првостепената пресуда, делото на екс директорот на УБК Сашо Мијалков е пред застарување.

Кривичното дело за кое се гони Мијалков „примање награда за противзаконито влијание” застарува на почетокот на април.

Причина за денешното одложувањето е отсуството на четворица, од вкупно шестмина обвинети.

На седница дојдоа поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими, поранешен член на Државната изборна комисија. Во овој предмет.

Судијата Ѓоко Ристов на 13 април закажа нова јавна седница за овој предмет и рече дека денес, поради отсуство на дел од обвинетите не се исполнети условите за одржување на седницата за жалби.

Мијалков претходно побара одложување на седницата поради судењето за „Таргет-Тврдина“ закажано за денес, но сепак се појави во Апелацискиот суд во Скопје.

Останатите обвинети поранешни членови на ДИК Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, како и лидерот на ДПА, Мендух Тачи не дојдоа во судница. Како што кажа судијата Ристов, тие не добиле уредна покана.

Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата