Го отфрлија доларот

Историска трансакција: Кинезите им платиле на Французите за испорака на гас LNG во јуани

29.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Историска трансакција: Кинезите им платиле на Французите за испорака на гас LNG во јуани

Кинеската компанија „China National Offshore Oil Corporation“ ѝ плати на француската „TotalEnergies“ за испорака на течен гас (ЛНГ) во кинески јуани.

Тоа е прва ваква трансакција во бизнисот со гас.

Околу 65.000 тони ЛНГ биле увезени во Кина од Обединетите Арапски Емирати и биле платени во јуани, а според Гуо Ксу, шефот на берзата во Шангај, првото плаќање во кинеска валута промовира проширување на меѓународната трговија и воведува можност на плаќање во повеќе валути.

Ова е клучно за Кинезите бидејќи тие со години го туркаат јуанот за да отстранат што е можно повеќе американскиот долар од пазарот. Кина е исто така еден од најголемите светски увозници на ЛНГ.

– „China National Offshore Oil Corporation“, најголемиот оператор на гасна платформа во Кина е посветена на иновации на меѓународни модели за плаќање – рече извршниот директор Ју Џи по трансакцијата.

Минатата година Кина увезла 500 милиони тони сурова нафта и 100 милиони тони природен гас, вклучително и речиси 64 тони ЛНГ.

Извор: TPORTAL.HR

Фото: Профи

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата