Бектеши најави ВРАЌАЊЕ НА ДНЕВНАТА ЕВТИНА СТРУЈА, еве од кога

29.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бектеши најави ВРАЌАЊЕ НА ДНЕВНАТА ЕВТИНА СТРУЈА, еве од кога

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска најави дека е можно да се врати евтината дневна тарифа за струја за домаќинствата, која актуелната власт прво ја врати, за подоцна повторно да ја укине.

Тој вели дека Владата и регулаторите работат на ова, а евтината струја преку ден најверојатно повторно ќе се воведе од јули.

„Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден“, рече Бектеши.

Тој додаде дека би можело да има вишок на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата