Трамп: Се чувствувам КАКО ЕЛВИС ПРИСЛИ (ВИДЕО)

29.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп: Се чувствувам КАКО ЕЛВИС ПРИСЛИ (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се чувствува како Елвис Присли, откако неговата песна со група мажи осудени за немири во Капитол на 6 јануари 2021 година, го достигна врвот на музичките топ листи.

„Тоа е Доналд Трамп и затворениците на Ј6 и голема работа е да се биде прв на iTunes и Amazon и Billboard“, рече поранешниот американски претседател, цитиран од Хил.

Синглот „Правда за сите“ е интерпретација на песната „The Star-Spangled Banner“, испеана од затворениците, додека Трамп го рецитира Заветот за верност.

Поранешниот претседател го сними својот дел во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, додека хорот ги изведуваше своите делови од песната користејќи затворски телефон.

Песната завршува со рефренот кој постојано извикува „САД!“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата