Денеска во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од с.Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11:30 часот според која на 24.03.2023 околу 14 часот, во атар на с.Самоилово, Струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.