Канје Вест тврди дека повеќе не е антисемит – Се „преобратил“ откако изгледал познат филм

26.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канје Вест тврди дека повеќе не е антисемит – Се „преобратил“ откако изгледал познат филм

Канје Вест во саботата на Инстаграм напиша дека се откажува од антисемитизмот откако го гледал филмот „21 Jump Street“ со актерот Џона Хил, поради што „повторно ги сака Евреите“.

Раперот, чие официјално име е Је, во последните месеци ги шокираше и вознемири своите поранешни обожаватели со низа антиеврејски изјави кои доведоа до тоа компанијата за спортска облека Адидас и другите модни куќи да решат да ја прекинат соработката со него, како и да го блокираат на повеќето социјални мрежи. Неговата последна објава на Инстаграм се чини дека е обид да ги повлече неговите претходни изрази на восхит кон нацистите и Адолф Хитлер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ye (@kanyewest)

„Гледањето на Џона Хил во (филмот) „21 Jump Street“ ме натера повторно да ги засакам Евреите. Никој не треба да се лути на еден или две поединци и тоа да го претвори во омраза кон милиони невини луѓе. Ниту еден христијанин не може да се нарече антисемит знаејќи дека Исус бил Евреин.Ти благодарам, Џона Хил, те сакам“, напиша Вест.

Некои корисници на социјалните мрежи се чинеше дека ја поздравија објавата со хумор, но многумина не ја одобрија.

„Не функционира така Канје. Штетата е веќе направена. Семето на омраза што го посеа веќе никна“, напиша еден корисник на Твитер.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата