Со нов гест, аргентинската федерација уште еднаш покажа што мисли за Меси!

26.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со нов гест, аргентинската федерација уште еднаш покажа што мисли за Меси!

Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА) го именуваше тренинг центарот на фудбалската репрезентација по Лионел Меси. „Каса де Езеиза“, во Буенос Аирес, каде што е сместен националниот тим, сега се нарекува Лионел Андрес Меси „во чест на најдобриот играч на светот“, напиша на Твитер претседателот на АФА, Чики Тапија.

„Добредојдовте во куќата на светскиот шампион“, рече Тапија на свеченото откривање на кое присуствуваа сегашни и поранешни играчи на Аргентина.

По 36 години, Аргентина лани на СП во Катра го освои светскиот шампионат.

„Се чувствувам многу среќен. Оваа чест е многу, многу посебна“, рече 35-годишниот Меси по откривањето на плочата со неговото име.

Светската титула беше единствениот трофеј што му недостигаше во извонредната кариера на Меси, во која тој седум пати беше избран за најдобар играч на светот и со Барселона ја освои Копа Америка, 11 титули во лигата и четири титули во Лигата на шампионите.

Меси го постигна својот 800-ти гол во кариерата во пријателската победа од 2-0 над Панама во Буенос Аирес во четвртокот – првиот натпревар на Аргентина пред домашните навивачи по триумфот на Светското првенство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата