Раст на извозот на кромид од Албанија за македонскиот пазар

25.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Раст на извозот на кромид од Албанија за македонскиот пазар

– Големи количини на кромид извезени се за Македонија, на чиј пазар имаше недостиг, идентично како и за Косово. Земјоделците од Корча се задоволни бидејќи имаат поголема добивка, наведуваат медиумите.

Додаваат дека земјоделците се повеќе од задоволни како поради обезбедениот пласман така  и од откупната  цена, која на големо изнесува 80 до 90 лека.

Зголемениот извоз на кромидот услови раст на цената на мало на домашниот пазар, која моментно изнесува 150 лека (1,3 евра). 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата