Собранието „МЕТА“ на хакерски напад

25.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Собранието „МЕТА“ на хакерски напад

Интернет страната на Собранието беше хакрана, а од законодавниот дом информираат дека истата повторно е вратена во функција.

-Согласно информациите од стручните лица надлежни за ИКТ станува збор за напад од надвор (flood attack), односно напад од повеќе конекции, чија последица е недостапност на интернет страницата. Во моментов оневозможен е пристап до страницата од странски адреси но е достапна за домашните корисници, се вели во соопштението.

Во меѓувреме надлежните службеници ќе ја следат состојбата и штом се констатира дека е безбедно, пристапот за корисниците од странство ќе биде овозможен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата