(Видео) Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

25.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

Директорката на училиштето во Талахаси, Хоуп Караскила, поднесе оставка од функцијата откако родителите на учениците го прозваа училиштето дека шири порнографија бидејќи на учениците им беше покажана гола статуа на Давид.

Претседателот на училишниот одбор, Барни Бишоп, ѝ рекол на директорката да поднесе оставка или ќе биде отпуштена. Тројца родители се пожалија дека нивните деца се вознемирени затоа што го виделе едно од најголемите ремек-дела на светската уметност – Давид на Микеланџело.

Инаку, Марџ Симпсон се најде во сличен проблем пред дваесет години кога се бореше против цензурата на уметничките дела.

Откако успешно го цензурираа насилниот цртан филм „Ичи и Скречи“, група родители ја повика Марџ да им помогне да цензурираат уште едно „одвратно и гнасно“ дело – скулптурата на Давид која требаше да биде донесена во нивниот роден град Спрингфилд како дел од патувачка изложба.

„Делото многу вулгарно прикажува делови од човечкото тело кои иако се практични, всушност се зли“, вели Хелен Ловџој.

По инцидентот во Телахаси, не им требаше долго време на обожавателите на семејството цртани ликови да се присетат на сличен настан од омилената серија.

„Симпсонови повторно предвидуваа настани од реалниот живот“, вели еден твитер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата