По Селена, Хејли Бибер им се обрати на фановите: „Ѝ благодарам, ова ни беше тешко на двете!“

25.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По Селена, Хејли Бибер им се обрати на фановите: „Ѝ благодарам, ова ни беше тешко на двете!“

Откако пејачката Селена Гомез (30) им се обрати на своите следбеници барајќи од нив да престанат со малтретирањето и смртните закани, сега манекенката Хејли Бибер (26) и се заблагодари за тоа и повика на помалку токсично однесување на социјалните мрежи.

-Сакам да и се заблагодарам на Селена што зборуваше за се, со оглед на тоа што ние двете бевме во контакт последните неколку недели за целата ситуација. Беше многу тежок период за сите вклучени во оваа ситуација – изјави Хејли. Таа додаде дека иако социјалните мрежи се таму за да ги зближат луѓето ширум светот, ваквите ситуации со омраза само ги раздвојуваат.

24sata

– Работите секогаш може да се извадат од контекст или да се разберат поинаку отколку што всушност се. Сите треба да бидеме повнимателни, вклучително и јас, што објавуваме – напишала манекенката.

На крајот, таа објасни како секогаш стои зад фактот дека љубовта ја победува омразата. Исто така, Селена претходно им се обрати на обожавателите и им објасни низ што поминува Хејли последните денови. Двете веднаш се запратија на Инстаграм.

24sata

– Хејли Бибер ме контактираше и ми даде до знаење дека добива смртни закани и негативни коментари полни со омраза. Тоа не е нешто што го поддржувам. Никој не треба да доживее омраза и злоупотреба – објасни таа.

– Отсекогаш сум се залагала за добрина и сакам сето ова да престане – напишала пејачката, која воедно е и поранешна девојка на Џастин.

24sata

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата