„КОЈ СТЕ ВИЕ ДА ГИ УБИВАТЕ НАШИТЕ ВОЈНИЦИ И ПОЛИЦАЈЦИ? Вучиќ грмеше: Каде ви е правото?!

24.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„КОЈ СТЕ ВИЕ ДА ГИ УБИВАТЕ НАШИТЕ ВОЈНИЦИ И ПОЛИЦАЈЦИ? Вучиќ грмеше: Каде ви е правото?!

Во Сомбор се одбележува Денот на сеќавање на загинатите во агресијата на НАТО во 1999 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати пред народот насобран на плоштадот Свети Ѓорѓи во Сомбор, на централната државна манифестација по повод Денот на сеќавањето на загинатите во агресијата на НАТО во 1999 година.

– Поминаа 24 години. Раскинавте делови од нашата територија. Убивте 79 деца, 2.500 луѓе и не само цивили, туку и војници и полицајци. Кој си ти да ги убиваш нашите војници и полицајци кои се на нивна територија и во нивната земја? Од каде го добивте правото да ги убивате нашите војници и нашите полицајци? Кој ти го даде тоа право? – праша претседателот Вучиќ.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата