КОЛИНДА ПОЧНУВА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО НОВА РАБОТА? сите  ДЕТАЛИ за РАБОТЕЊЕТО НА  на поранешната хрватска претседателка

23.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОЛИНДА ПОЧНУВА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО НОВА РАБОТА? сите  ДЕТАЛИ за РАБОТЕЊЕТО НА  на поранешната хрватска претседателка

Како што пренесува index.hr, компанијата е регистрирана во Хрватска

Компанијата „KGK Advising & Professional Services d.o.o.“ која кон крајот на минатата година ја основа поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, а која ќе се занимава со консалтинг, ќе соработува главно со странци.

Како што пренесува index.hr, компанијата е регистрирана во Хрватска само поради тоа што е хрватски државјанин и затоа што како даночен обврзник сака сè „да биде чисто“.

Активостите на компанијата се однесуваат на бизнис и менаџмент, истражување на пазарот и испитување на јавното мислење, рекламирање и пропаганда, но и голем број други активности, како обука за гласовна комуникација.

Во таа компанија Колинда Грабар Китаровиќ е и директор и единствена вработена, а како што се додава, таа веќе учествува на бројни конференции низ светот, тркалезни маси и предавања, што се наведува како една од активностите на нејзината нова компанија. додека од нејзините предавања и настапи јасно се гледа дека нејзин интерес се геополитиката и безбедносните студии.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата