Дневен хороскоп за 23 март – Овните пред нова дилема, јарците да избегнуваат конфликти

23.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дневен хороскоп за 23 март – Овните пред нова дилема, јарците да избегнуваат конфликти
Овен Љубов: Ве следи нова емотивна дилема. Не знаете дали вашиот партнер греши или едноставно изгледа сомнително за работите за кои молчи. Работа: Треба да пронајдете ново решение, за правилно да ги решите различните недоразбирања кои ве придружуваат при средбата со колегите. Здравје: Ќе ви годат повеќе часови добар сон, обрнете внимание на соништата. Бик Љубов: Нема причина да се однесувате нерасположени или таинствено во друштво на саканата личност. Разбудувате нечиј сомнеж. Работа: Без разлика на големата упорност или тактика што ја спроведувате кон вашите деловни партнери, сепак нема видливи промени. Здравје: Ќе уживате во разговор или психолошка релаксација, опуштете се. Близнаци Љубов: Избегнувајте нови семејни или партнерски расправии. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите идеи и емоционални потреби. Работа: Поради различните правила наметнати од одредени соработници, мора да прифатите компромисна или комфорна опција. Здравје: Внимавајте на посоодветна здравствена заштита. Рак Љубов: Избегнувајте напнати ситуации при средба со саканата личност, важно е меѓу вас да има добри намери. Работа: Ако сакате да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, најдете си соодветен партнер. Здравје: Обидете се правилно да ја насочите вашата позитивна енергија. Лав Љубов: Имате впечаток дека вашиот емотивен живот не е доволно интересен и возбудлив до степен до кој би сакале. Направете нешто во врска со тоа. Работа: Потрудете се да бидете понапред од другите соработници, кои сметаат на вашата неинформираност или непознавање на деловните можности. Здравје: Поттикнете позитивно расположение кај себе. Девица Љубов: Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“. Работа: Важно е работите да завршат на добар начин. Доволно сте вешти да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтни ситуации. Здравје: Не ги задржувајте вашите чувства или желби, опуштете се. Вага Љубов: Контролирајте ги негативните страсти во емотивната врска и не дозволувајте некој да ве наведе на погрешно однесување. Работа: Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место, за сите околу вас да бидат среќни и задоволни. Поттикнете го вашето креативно расположение. Здравје: Ќе уживате во престој во природа или некоја спортска активност. Скорпија Љубов: Некој ви дава до знаење дека ја очекува вашата безрезервна посветеност и ги отфрла интригантните ситуации низ кои поминувате. Работа: Повнимателно анализирајте ја вашата околина и колегите, треба да бидете добро информирани за различни деловни аспекти. Здравје: Забавете го брзото темпо, опуштете се. Стрелец Љубов: Саканата личност го анализира вашето однесување и наоѓа разни замерки, но вие немате доволно трпение да слушате критики. Работа: Новите деловни настани носат мала конфузија. Наместо да ги надмудрите противниците, подобро е да преземете конкретни мерки. Здравје: Ќе ви годи психофизичка релаксација или престој во природа. Јарец Љубов: Не можете да се опуштите, некој одеднаш ви задава дополнителни проблеми или нови емотивни дилеми. Изгледате несигурно. Работа: Обрнете внимание на новите информации или на туѓото предупредување. Важно е да дадете добар пример со вашето однесување. Здравје: Избегнувајте конфликтни односи и стресни ситуации. Водолија Љубов: Покажете повеќе разбирање и нови изливи на нежност кон вашата сакана личност. Некој ги освојува вашите симпатии и емоционална наклонетост. Работа: Нема причина да ги мистифицирате вашите деловно-финансиски планови или да игнорирате нечие присуство и покана. Здравје: Почестете се со некои „убави ситници“ како рецепт за добро расположение. Риби Љубов: Ви недостига емоционална стимулација, но не сакате да се задоволите со пасивна улога. Слободно повлечете изненадувачки потег. Работа: Вие сте во одлична форма. Не пропуштајте можност што ветува деловна добивка или корисно рекламирање. Здравје: Обидете се правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата