Конте „грмна“: Сега ми е јасно зошто Тотенхем нема освоено трофеј 20 години

18.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конте „грмна“: Сега ми е јасно зошто Тотенхем нема освоено трофеј 20 години

Тренерот Антонио Конте беше бесен по ремито 3:3 против Саутемптон на „Сент Мери“ во Премиер лигата. „Спарс“ водеа со два разлика, а во последните 15 минути примија два гола и останаа без целиот плен. Претходно Тотенхем доживеа елиминација од Лигата на шампионите по поразот од Милан.

Конте „згрми“ прво на управата затоа што ги разгалува фудбалерите, а потоа и на фудбалерите кои ги нарече „себични“.

20 години со ист сопственик и не е освоен ниту еден трофеј. Зошто? Вината секогаш паѓа на менаџерот. Видов кој се работеше тука претходно, значи, ризикувате да го нарушите имиџот на менаџерот за да ја заштитите другата страна (играчите).
Можете да ги менувате  менаџерите но ситуацијата ќе остане. Не може вака… Не сакам повеќе да го видам она што го видов денеска. Тоа е неприфатливо за клубот, за мене и за навивачите.

Клубот ја има одговорноста на трансфер пазарот, секој тренер што останал тука има одговорност. А играчите? Каде се играчите? Според моето искуство, можам да ви кажам дека ако сакате да бидете конкурентни, ако сакате да се борите, мора да го подобрите овој аспект. И овој аспект, можам да ви кажам, во овој момент е навистина, навистина низок. И јас видов само 11 себични играчи кои не сакаат да си помогнат еден на друг, кои не играат со срце“, изјави Конте.

На прашањето зошто е тоа така Конте одговори:

Затоа што така се навикнати. Не сакаат да ризикуваат, не сакаат да играат под пристиок, не сакаат да играат под стрес. Не сакаат да играат за нешто важно“.

Тотенхем освои само еден трофеј под раководство на Даниел Леви од 2001 година. Тоа е Лига купот во 2008 година.

Од тогаш имаа 11 различни менаџери, вклучувајќи и три по отказот на Маурицио Покетино во 2019 година.

Има уште 10 натпревари до крајот и некои луѓе велат дека можеме да се бориме. Со ваков дух, со ваков пристап за што да се бориме? За седмо, осмо или десетто место. Навистина сум разочаран и сакам секој во овој клуб да преземе одговорност“, додаде Италијанецот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата